Едно истражување спроведено на Инстаграм направи рангирање за тоа кои брендови и автомобили најчесто се тетовираат од автомобилските фанатици. Во истражувањето се опфатени над 15.000 корисници на оваа социјална мрежа кои се мапирани користејќи најразлични хаштази.
Убедливо најтетовиран бренд е Volkswagen и 5.507 лица отстапиле дел од својата кожа за германскиот производител. На втората позиција е Jeep со 2.139 тетоважи додека на третата Cadillac со 1.775 тетоважи.
Во топ 10 најтетовирани брендови се наоѓаат уште и Bentley, Holden, Lamborghini, Pontiac, Chevrolet, BMW, Ford и Honda.
Во однос на моделите меѓу најтетовираните се VW Beetle, Chevrolet Corvette, VW Transporter, Fiat 500, Dodge Charger, Chevrolet Chevelle, Ford Mustang, Mini Cooper…
Доколку и вие решите да ставите тетоважа што би нацртале?