Оваа компанија од Кина ги прави најдобри реплики (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Фотографиите кои неодамна се појавија на интернет, а се објавени од малата компанија од Кина која развива и конструира реплики на хиперавтомобили приредија изненадување. Меѓу креациите е наоѓаат некои од најскапите автомобили во светот.

На фотографиите се гледаат некои недовршени, но и некои готови примероци: Lamborghini Veneno, Ferrari LaFerrari, Pagani Zonda R, Maserati MC12 и Bugatti Chiron. Се чини дека поголемиот дел од каросериите се направени од карбонски влакна или фиберглас, но репликата на Chiron е изработена од панели кои изгледаат како да се изработени од алуминиум.

Можеби најпресивна изработка е Veneno, а фотографиите од целиот автомобил откриваат детали на екстериерот кој наликува на вистински Lamborghini. Причината е што е базиран на Aventador.

Тоа значи дека каросеријата на моделот  Veneno при изработката не морала да биде развлечена или доработувана за да се вклопи во некој евтин спортски автомобил, како во повеќето реплики.

Каросериите на LaFerrari, Zondа R, MC12 и Chiron исто така се чинат многу реални, но не можеме ни да претпоставиме со кои автомобили ќе се спојат. Засега нема информации кој стои зад овие креации.

Според некои достапни информации, базата на оваа компанија се наоѓа во една од индустриските зони во Кина, а точната локација засега не е позната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK