Отсега и во Македонија: Koleos во понудата на Renault за нашиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Она што почна во 2012 година со моделот Clio во однос на дизајнерската ренесанса на моделите на Renault сега завршува со Koleоs, SUV возилото што сега не само што е елегантен, туку истовремено и динамичен и модерен.

Исто како и Espace, Talisman и Тalisman Grandtour, неговите роднини од D сегментот, новиот Koleso припаѓа на групата на луксузни модели на Renault, што е видливо по неговиот надворешен изглед.

Сега Koleos ја збогатува понудата на Renault И во Македонија и одсега ќе биде достапен и за нашите купувачи. Новиот Koleos е богат со врвна технологија, со избор на два дизел мотори со X-Tronic автоматски менувач или со рачен менувач за да ги задоволи потребите на потрошувачите на европските пазари.

За ентериерот на новиот Koleos, Renault одби да направи компромис меѓу удобноста на патниците и изгледот на моделот. Неговите надворешни карактеристики поради тоа беа дизајнирани да обезбедат највисок стандард за удобност при патување за сите пет патници.
Покрај тоа што го има и едно од најдолгите меѓуоскини растојанија во својата класа, вкупната должина на новиот Koleos (2.710мм/вкупна должина: 4.670мм) овозможува рекорден простор за патниците.
Патниците кои седат назад имаат корисен простор за колената кој е најдобар во класата (289 мм), плус особено великодушен простор за главите, простор за рамената и простор за лактите.

Овој рекорден простор во кабината се комбинира со голем конфигуриран багажник и бројни практични решенија за складирање.
VDA багажникот од 498dm3 (еквивалентно на 579 литри) располага со подвижен под кој е поставен на иста висина како прагот за да формира рамен под.
Благодарение на рачките што се наоѓаат во багажникот, системот Easy Break овозможува да се преклопи задната клупа која е делива во однос 60/40 во еден момент за да се ослободи вкупната носивост од 1,706dm3 VDA (еквивалентно на 1,795 литри).
Новиот Koleos располага со 35 литри дополнителен простор за складирање околу кабината, вклучувајќи ја и 11-литарската кутија и седум литарскиот простор во централната конзола.

Новиот Renault Koleso се закити со пет ѕвезди за сигурност на тестирањето извршено од страна на независната организација Euro NCAP. Опремен е со најнапредна технологија која му овозможува да на Euro NCAP тестирањата кои се спроведуваат според соодветен протокол од 2016, ги положи со одличен успех. Новиот KOLEOS оствари резултат од 90 % за заштита на возрасни патници, 79 % за заштита на деца, 63 % за пешаци и 75 % за активни сигурносни системи.
Карактеристиките за безбедност кои се дел од серијата на опрема се: две прилагодливи предни воздушни перничиња кои се надувуваат во зависност од видот на ударот и положбата на патникот во автомобилот, две странични воздушни перничиња на предните седишта, две воздушни завеси, предни и задни потпирачи за глава за да се спречат повредите од фрикционите повреди, предните седишта кои спречуваат провлекување под сигурносниот појас, како и задна клупа со ISOFIX. Сите безбедносни ремени се опремени со затегнувачи и ограничувачи на силата на затегнување.

Новите мотори и преносни линии на Koleos се приспособени да ги задоволат потребите и очекувањата на европските пазари на моделот.
Асортиманот се состои од избор на два дизел мотори кои испорачуваат 130 и 175 коњски сили, соодветно.
Овие мотори можат да возат преку X-Tronic автоматски менувач или шест-брзински мануелен менувач.
Двата дизел мотори достапни за новиот Koleos се во согласност со законодавството Еуро 6b и се опремени со Stop & Start, NOx и филтер за честички.
Првиот од двата мотори е единицата 1.6 dCi која е позната по својата ефикасност и уживање во возењето.
Максималната моќност на овој четирицилиндричен, 16-вентилен мотор е 130hp (96kW) при 4.000 вртежи во минута, додека врвниот вртежен момент изнесува 320Nm, достапен од 1.750 до 2.250 вртежи во минута.
Неговиот особено ефикасен, намален дизајн (квадратна архитектура, турбокомпресор) е плод на стручноста за моторот што Renault ја внесе од светот на мотоспортот, особено од Формула 1.
Овој мотор со погон на две тркала се комбинира или со автоматски менувач X-Tronic или со шест брзински мануелен менувач, во зависност од пазарот.
Моторот 2.0 dCi е најмоќната моторна платформа достапна за новиот Koleos.
Максималната моќност изнесува 175 КС (127 КW) при 3750 вртежи во минута, со максимален вртежен момент од 380 Nm на располагање од 2.000 до 3.000 вртежи во минута.
Може да се комбинира со автоматскиот менувач X-Tronic (погон со две или четири тркала) или рачен менувач со шест брзини (само верзии со погон на четири тркала), во зависност од пазарот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK