Оpel со рекордна продажба во првите два месеци од годината

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Opel ја демонстрираа тенденцијата за растеж со своето семејство од X модели, како резултат на силниот притисок од продажбата на СУВ моделите Mokka X, Grandland X и Crossland X. Во првите два месеци од оваа година во Германија биле продадени 36.660 автомобили, што е за околу 1300 возила повеќе во однос на истиот период минатата година.

Обемот на продажбата на моделите Opel Mokka X, Opel Grandland X и Opel Crossland X во текот на првите два месеци достигнаа до 9.740 возила и Opel одново успеа да се најде на првото место во СУВ сегментот на официјалната ранг листа според продажба на Германската федерална служба за автомобилски транспорт KBA (Kraftfahrt-Bundesamt).

„Овој резултат јасно покажува дека нашата моделна офанзива функционира добро. Ние сме подобро позиционирани отколку кога било во брзорастечкиот СУВ сегмент благодарение на нашето семејство од Х модели. Се разбира ние сакаме и ќе продолжиме да ја користиме таа своја предност и во однос на другите модели во годината. Ова е првата година, во која Mokka X, Crossland X и Grandland X се на располагање на нашите клиенти во сите 12 месеци“, вели Јирген Келер, извршен директор на Opel Германија.

Моделот Opel Mokka X е првиот модел на Opel, кој го доби индексот Х во името и се претвори во вистински бестселер со својот динамичен и мускулест дизајн. Возачите на Mokka X можат да имаат корист од предноста на високо расположивите седишта и одличната видливост во сите насоки – два од најкарактеристичните белези на СУВ автомобилите.

Opel Crossland X ја дополнува гамата на марката Opel во сегментот мали СУВ модели (СУВ В-сегмент). Многуфункционалниот модел со страшен надворешен вид предлага одлична комбинација од функционалност, простор, флексибилност и спортска елеганција.

Гамата на СУВ моделите на Opel доби заклучоци со воведувањето на пазарот уште минатата есен компактниот Opel Grandland X – поголемиот брат на Mokka X и Crossland X. Меѓу неговите карактеристики се големиот внатрешен и багажен простор, флесксибилниот ентериер и динамичниот дизајн со спортски дух. Покрај тоа, Grandland X нуди и многу иновациски технологии, како системот за предупредување од судир напред FCA (Forward Collision Alert) со функција за регистрирање на пешаци и режим на самостојно кочење во случај на нужда АЕВ (Automatic Emergency Braking), систем за предупредување за сонливост и умор на возачот DDS (Driver Drowsiness System) и 360° видео камера.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK