Opel првпат до профит – по 20 години загуба

ОБЈАВЕНО НА:

Она што не им успеа на General Motors цели 20 години им успеа на PSA Групацијата и тоа само за една година – Opel e повторно на профитабилните патеки.

Според официјалните податоци брифирани од страна на производителот, Opel во минатата деловна година забележа профит од 859 милиони евра што значи дека прв пат по 20 години германскиот производител ја завршува годината со позитивно салдо.

Од овој финансиски перформанс позитивно изненадени се и од PSA Групацијата кои по аквизацијата на Opel во август 2017 година се надеваа дека ќе ја вратат профитабилноста на овој бренд во 2020 година.

За да дојде до овој резултат PSA Групацијата изминатиот период го намали вкупниот број на вработени во Opel за 3,700 вработени, прекомандуваше 2,000 вработени од Риселсхајм во Франција, а затворени беа и неколку продажно-изложбени салони.

Овој профит се очекува во наредните неколку години значително да порасне пред се поради користењето на Opel на технологија и платформи развиени од страна на PSA Групацијата и користењето на бенефитите од економијата на обем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK