Opel Мokka е првиот модел со Opel Vizor, како идно лице во брендот и целосно дигиталниот кокпит на иднината, Pure Panel. Амблемот „Мока“ е редизајниран со посебен фонт и сега е централно поставен на задната врата под молњата на Opel. Легендарното лого за бренд исто така е преработено и ќе ги украси сите претстојни модели на германскиот производител на автомобили.
„Околниот прстен сега е потенок, поелегантен, попрецизен и поизразен. Ова уште повеќе ја нагласува молњата“, вели Марк Адамс, потпретседателот за дизајн. „Сите детали се супер остри со многу мал радиус. Опеловото писмо е интегрирано во долниот дел на прстенот – како фино гравирање во парче накит. Ова покажува чиста германска прецизност. Ја интегриравме „молњата“ видливо во Vizor и го средивме централно на името на моделот одзади”.
Молњата во круг ги украсува сите модели на Opel од 1963 година. Во зависност од моделот и годината на производство, амблемите се разликуваат малку. Од 1970 година, утврдени се јасни упатства за дизајн за сите области на компанијата. Овој корпоративен дизајн беше ревидиран за прв пат во 1987 гoдина.
Од 2016 година, моделите на Opel беа украсени со прецизно извајана хромирана молња. Официјалното лого на компанијата беше дизајнирано во модерна рамна форма во летото 2017 година. Редизајнираната молња за идните возила сега совршено се вклопува во дводимензионалното лого за рекламирање и дигитална комуникација.