ОКТА со меѓународен сертификат за врвен квалитет за анализа на горива

ОБЈАВЕНО НА:

Како резултат на високите перформанси на лабораторијата и капацитетите за правење детални анализи, компанијата ОКТА веќе четврта година во континуитет ја спроведува Програма Гаранција. Станува збор за првата сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата која се прави со мобилна екипа на терен и со анализи во лабораторијата, со чија помош се потврдува квалитетот на горивата на сите бензински станици со брендот ОКТА.

Лабораторијата на ОКТА доби меѓународен сертификат кој претставува потврда за високото ниво на квалитет и прецизност со кое се вршат испитувањата на нафтените деривати. Со сертификатот, кој го доделува реномираниот и глобално ценет Институт за интерлабораториски студии од Холандија, испитувањата и перформансите на лабораторијата на ОКТА се оценети со највисока оцена.

Предмет на анализата преку која е утврден квалитетот и е дадена оценката беше млазното горивото Jet Fuel A1 при што се анализирани 15 параметри на горивото и сите предадени резултати беа оценети како точни и прецизни. Лабораторијата на ОКТА очекува  уште едно вакво признание и за дериватот бензин каде беа анализирани 14 параметри. Сертификат со одлична оцена, лабораторијата доби и во 2017 година кога беа анализирани параметри на примероци од дизел гориво.

Лабораторијата, во која се врши редовна контрола на квалитетот на горивата, е опремена со најсовремени апарати и применува 50 меѓународно акредитирани методи. Почнувајќи од 2006 година кога е добиен првиот сертификат за акредитација од Институтот за акредитација на Република Македонија, лабораторијата функционира независно и врши анализи за голем број институции и компании од државата и од странство.

Како резултат на високите перформанси на лабораторијата и капацитетите за правење детални анализи, компанијата ОКТА веќе четврта година во континуитет ја спроведува Програма Гаранција. Станува збор за првата сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата која се прави со мобилна екипа на терен и со анализи во лабораторијата, со чија помош се потврдува квалитетот на горивата на сите бензински станици со брендот ОКТА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK