И официјално познат е изгледот на новата Honda Jazz

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално, Honda ја претстави новата, четврта генерација од моделот Jazz односно Fit за американскиот пазар. Новата генерација доаѓа со целосно нов надворешен и внатрешен изглед како и Crosstar верзија.

Во однос на мотористиката, новиот Jazz доаѓа со 1.0 и 1.5 литарски бензински мотор чиј доополнителни технички карактеристики ќе бидат откирени следните неколку денови.

Тука е и целосно хибридната верзија која ќе располага со 1 киловат часовна литиумско-јонска батерија и електричен генератор. Со ова Honda на “Стариот континент” ќе понуди автомобил кој во целост ги исполнува WLTP стандардите за издувни гасови, а воедно ќе биде конкурентен на новиот бран во автомобилската индустрија предводен од хибридните и целосно електричните автомобили.

Honda Jazz

Покрај основниот Jazz Basic, во Јапонија овој модел ќе се понуди во пет различни верзии вклучувајќи ги и Home, Ness, Crosstar и Luxe верзија.

Honda Jazz Crosstar

Во производство, а воедно и во европската понуда, Jazz се очекува да дојде не подоцна од првата половина следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK