Фантастично Ferrari 250 GT SWB California Spider од 1962 година беше продадено на аукција за повеќе од 18 милиони долари. Интересно е што истото возило било купено за 2.400 долари во 1972 година. Таа сума е еквивалентна на денешни 17.177 долари , што значи дека истиот бил продаден за 1.000 пати повеќе од таа сума.
Секој модел на Ferrari од 60-те години од минатиот век со број „250“ во своето име е навистина посебен, а тоа важи и за SWB California Spider. Се произведуваше првенствено со фокус на американскиот пазар, првично со подолго меѓуоскино растојание на истата шасија како 250 GT Tour de France Berlinetta и Series I Cabriolet, пред Ferrari да се префрли на шасија со пократко меѓуоскино растојание.
Произведени се вкупно 106 примероци на моделот Ferrari 250 GT California Spider, од кои 50 со подолго и 56 со пократко меѓуоскино растојание.
Примерот на фотографиите го носи бројот 3099 GT и е еден од само 37 примероци со покриени фарови. Исто така, тој е единствениот обоен во специјалната нијанса на бојата Azzurro Metallizzato означена со MM 16240, која украси околу 250 GT модели со каросеријата на Pininfarina произведени помеѓу 1960 и 1962 година.
Откако беше произведен, автомобилот беше испорачан во САД и изложен на Меѓународниот автомобилски саем во Њујорк во април 1962 година. После тоа, тој беше пренесен на западниот брег, каде што помина неколку години во Холивуд.
Околу 1970 година, автомобилот удрил во тротоарот, а потпирањето, сопирачките и системот за издувни гасови биле оштетени. Во таква состојба е купен во 1972 година од Чарлс Бец и Фред Питерс за 2.400 долари и поправен. Додека беше во нивна сопственост, тој беше подложен на целосен процес на реставрација во раните 2000-ти. Потоа го доби сертификатот Ferrari Classiche и освои бројни награди на изложби во изминатите две децении.
Сега навистина добро заработија за таа нивна инвестиција.