Новото Renault Clio – еволуцијата продолжува

ОБЈАВЕНО НА:

По долги најави и неколку тизер видеа, францускиот производител Renault конечно ја претстави петтата генерација од популарниот мал градски автомобил Clio.

Иако со не толку радикален дизајн, новото Clio и натаму ги буди сите емоции. Предните LED светла идентични како кај моделот Megane и задните не толку изменети, додаваат нова свежина кај најпродаваниот модел на Renault.

Еволуцијата на овој модел кој се појави за прв пат во понудата на францускиот производител во далечната 1990 година и натаму продолжува, па лидерот на B сегментот и натаму продолжува со да го брани врвот пред сега силната конкуренција VW Polo, Ford Fiesta, Citroen C3, Nissan Micra, Suzuki Swift, Seat Ibiza како и најавените Peugeot 208 и Opel Corsa кои пристигнуваат до крајот на годината.

Renault Clio

Овој модел се темели на CMF-B механичка платформа која е развиена во соработка помеѓу Renault и Nissan, а ја користи и новата Nissan Micra. Во понудата покрај актуелниот 0.9 литарски мотор доаѓа и новиот 1.0 литарски и 1.3 литарски турбо бензински агрегати, а тука е и одличниот 1.5 литарски дизелски мотор.

Од претходно, овој модел ќе има таканаречен „благ хибриден погон“, кој покрај бензинскиот мотор ќе користи и 48-волтен електричен систем со цел смалување на потрошувачката на гориво и емисија на штетни гасови. Се очекува оваа изведба да се појави во текот на следната година.

Renault Clio

Во однос на останатата опрема за безбедност и асистенција на возачот, тука се бројните системи против пролизгување, за тргнување на угорнина, воздушните перничиња, предните и задни сензори, а повисоката опрема донесува и други напредни системи.

Renault Clio

Во внатрешноста со повисокото ниво на опрема доаѓа .3 инчен инфотејнемнт систем, целосно нов мултифункциски управувач, нови седишта, start-stop опција, амбиентално осветлување достапно во осум различни бои и многу друго.

Тука е и просторноста која е на солидно ниво во класата и 391 литар багажен простор.

Renault Clio

Саемската премиера е закажана за во Женева на почетокот на март по што следи период на почеток на производството. Се очекува до крајот на годината овој модел да се појави на сите традиционални пазари каде и во моментов се продава актуелната генерација. Во однос на цената, истата останува енигма

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK