Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,50 ден/литар и ќе се продава по цена од 89,00 ден/литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,00 ден/литар и ќе се продава по цена од 91,00 ден/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 денари и ќе чини 100,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,920 ден/кг.