Новo градскo електричнo возило од Renault (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Renault ќе се обиде да го продолжи она што го постигна со Twizzy со претставувањето на два нови електрични автомобили од сличен тип со имињата Duo и Bento. Двата автомобили ќе дебитираат на саемот за автомобили во Париз, кој започнува за неколку дена, а ќе бидат достапни за нарачка во 2023 година за патничкиот модел и 2024 година за товарниот Bento.

Двата модели се практично идентични во платформата и погонот и изгледаат како еволуција на познатиот Twizzy, кој е на пазарот од 2012 година.

Промени наоѓаме во дизајнот на светлата, кои користат LED технологија, како и браниците кои имаат нов дизајн. Двата модели се изградени на тубуларна конструкција со пластични панели. Должината е околу 2,43 метри, ширината е 1,3 метри, а висината е 1,46 метри. Cargo Bento може да се пофали со малку поголеми димензии поради неговата специфичност.

Renault Duo и Renault Bento

Двата автомобили ќе дебитираат на саемот за автомобили во Париз, кој започнува за неколку дена, а ќе бидат достапни за нарачка во 2023 година за патничкиот модел и 2024 година за товарниот Bento.Двата модели се практично идентични во платформата и погонот и изгледаат како еволуција на познатиот Twizzy, кој е на пазарот од 2012 година.

Внатрешноста е максимално поедноставена со две седишта за Duo и едно за Bento. Контролната табла е во форма на кутија со неколку дисплеи и место за паметен телефон. Автомобилот го надминува еден од најголемите проблеми забележани со Twizzy – недостатокот на прозорци. Покрај нив, двата модели имаат и воздушно перниче и до 700 литри волумен на багажот за Bento.

Погонот го обезбедува електричен мотор на задната оска, кој овозможува максимална брзина од 80 km/h. Капацитетот на батеријата е нејасен, но е добар за досег од 140 километри, додека тричасовното полнење од домашен штекер обезбедува дополнителни 90 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK