XRAY Cross Instinct: Првата LADA со Мултимедија на Yandex (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Автоваз објавија дека LADA стартува со онлајн продажбите на специјалната топ-верзија Instinct на моделот XRAY Cross, во опремувањето на кој стандардно е вклучен мулдимедискиот систем на рускиот технолошки гигант Yandex.

XRAY Cross Instinct се разликува од другите претставници на моделот со редица на контрасни решенија за боја и детали, а притоа се вклучени и црните покриви и капаците на надворешните ретровизори, специјални бандажи, тематски тапацир на ентериерот, карактеристичен амблем, прагчиња на вратите и друго.

XRAY Cross Instinct е и првата LADA, која е опремена со интегрираниот борд систем Yandex.Auto на Yandex, а при новата модификација таа е конфигурирана со 8-инчен чувствителен екран кој е чувствителен на допир и камера за заден приказ.

Yandex.Auto претставува борд платформа поврзана на интернет, во која се сместени различни услуги кои ги нуди Yandex, а во понудата се вклучени: Yandex.Navigator, Yandex.Music, Yandex.Refueling и Yandex.Browser, како и борд гласовниот асистент Alice.

За гаранција на врската сите претставници на специјалната серија се опремени со 4G модем со претплата за пристап до интернет и Yandex.Music од шест месеци.

LADA XRAY Cross Instinct се нуди во две основни верзии и тоа: со 1.6-литарски и со 1.8-литарски мотор, максимални моќности со соодветни 113 и 122 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK