Volkswagen Virtus ќе чини 14.000 долари и ќе се вози само во Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата во Мексико и останатите земји од Централна и Јужна Америка бележи пад, а тоа не е пречка да Volkswagen лансира нов модел наменет исклучиво за овие пазари.

Станува збор за субкомпактен седан кој се базира на Polo MK6, а ќе се продава под називот Virtus. Развиен во целост од центарот за дизајн и развој на VW во Бразил, овој автомобил ќе има за задача да цели кон врвот на листата на најпродавани автомобили во Бразил како најголем пазар во Јужна Америка и Мексико како најголем пазар во Централна Америка.

Овој автомобил се темели на MQB-A0 платформата. Должината изнесува 4.482 мм, ширината 1.751 мм додека пак висината 1.472 мм. Меѓуоскиното растојание на овој автомобил изнесува 2.548 мм.

Во понудата доаѓа со 1.6 литарски четири цилиндрен дизелски мотор со 109 КС, а во стандардната опрема доаѓа со пет степен мануелен менувач.

Во внатрешноста доминира 6.5 инчниот екран осетлив на допир, инфотејнмент системот со Bluetooth, Android Auto, Apple CarPlay, Mirrorlink, USB, порт за SD кард, клима уред, а тука се и воздушните перничиња, ABS, ESP и други системи за безбедност.

Цената на овој автомобил започнува од 275.990 мексикански пезоси што е околу 14 илјади долари, а моделот со автоматски менувач чини 15 илјади долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK