Volkswagen прима резервации за Tiguan R (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Volkswagen објавија дека почнале да примаат резервации за купување на најмоќната верзија на Tiguan, која некогаш компанијата ја нудела на пазарот.

Новиот спортски СУВ модел на Volkswagen е опремен со четирицилиндричен TSI мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 320 коњски сили и максимален вртежен момент од 420 Нм уште при 2100/мин.

Во комбинација со системот за погон на четири тркала 4MOTION со R-Performance Torque Vectoring, Tiguan R ветува можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,9 секунди и максимална брзина на движење од 250 км/ч.

Tiguan R се одликува од другите претставници во модификациското портфолио на исклучително успешниот модел на Volkswagen со дополнителни аеродинамични елементи, 20-инчни тркала, луксузни седишта со интегрирани потпирачи за глава, специјален интерфејс на бордот на Digital Cockpit системот, тематски декоративни апликации, челични педали, оптимизирана суспензија и сопирачки систем, и други.

Volkswagen Tiguan R

Новиот спортски СУВ модел на Volkswagen е опремен со четирицилиндричен TSI мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 320 коњски сили и максимален вртежен момент од 420 Нм уште при 2100/мин. Во комбинација со системот за погон на четири тркала 4MOTION со R-Performance Torque Vectoring, Tiguan R ветува можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,9 секунди и максимална брзина на движење од 250 км/ч.

Како дополнителна опрема за Volkswagen Tiguan R, од компанијата предвиделе можност за порачување на издувен систе од титаниумот од специјалистот во областа Akrapovic, 21-инчни тркала Estoril, како и надорешен пакет Black Style.

Првиот од овој видо Volkswagen Tiguan R веќе може да биде порачан во дилерските центри на брендот, а неговата цена за територијата на Германија е утврдена на 56.703 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK