Volkswagen ID.6: Нов електричен теренец, но само за Кина (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen продолжува да го развива своето портфолио на целосно електричното семејство ID. и откако го најави лансирањето на GTX, веќе го претстави и целосно новиот теренец со седум седишта кој е наменет еклузивно за кинескиот автомобилски пазар. Станува збор за моделот ID.6.

Од Volkswagen споделуваат дека развојот на база на модулната платформа за електромобили МЕВ на VW Group, ID.6 е првиот електромобил на брендот, развиен специјално за конкретен пазар.

Со должината од 4,88 метри, Volkswagen ID.6 е за 30 сантиметри подолг од ID.4 како резултат на што е можно да се интегрира третиот ред на седишта, како и формирањето на значително попросторна внатрешност.

Volkswagen ID.6

Volkswagen ID.6 е за 30 сантиметри подолг од ID.4 како резултат на што е можно да се интегрира третиот ред на седишта, како и формирањето на значително попросторна внатрешност. Volkswagen ID.6 нуди можност за транспортирање на седум лица, две основни верзии - ID.6 CROZZ и ID.6 X, 4MOTION со погон на четири тркала, автономија до 588 километри и верзии на моќност со параметри до 306 коњски сили.

Volkswagen ID.6 нуди можност за транспортирање на седум лица, две основни верзии – ID.6 CROZZ и ID.6 X, 4MOTION со погон на четири тркала, автономија до 588 километри и верзии на моќност со параметри до 306 коњски сили.

ID.6 дебитира со избор меѓу два батериски модули со капацитет од 58 и 77 kWh, кои ветуваат слободна километража од 436 до 588 километри (NEDC стандард за Кина). Топ верзијта на електромобилот е во состојба да се забрза од 0 до 100 км/ч за 6,6 секунди и да се развие максимална брзина од 160 км/ч (електронски ограничена).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK