Volkswagen ги откри плановите, следната година со многу новитети (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen ги откри плановите за новите модели во 2020 година. Главната улога во нив ќе ја игра осмата генерација на Golf, како и обновениот Passat, но има и други интересни автомобили.

Плановите на брендот беа претставени на средба со добавувачте на опрема и надворешни компоненти, а тоа се случило во Волфсбург. Таму станало јасно дека новиот Golf ќе биде претставен во втората половина на 2019 година, а на присутните им биле покажани и скици од моделот.

Продажбата на следната генерација на најуспешниот автомобил во Европа ќе стартува на крајот на годината.

Претходно Volkswagen на пазарот ќе го пушти и компактниот кросовер– T-Cross, а потоа ќе излезат и два седани, но тие се наменети само за Кина. Тоа се верзиите на Lavida и Bora, кои ќе бидат следени и од електронското Polo.

Германскиот производител готви уште две интересни премиери. Се работи за кабриолетот T-Roc, кој ќе излезе во исто време со новиот Golf, како и првиот модел на електронската понуда  I.D. Неговата премиера исто така е планирана за крајот на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK