Во Женева дојде и Pininfarina Battista

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Automobili Pininfarina на саемот во Женева премиерно го претставија електричниот хипер автомобил со назив Battista.

Станува збор за целосно електрифициран автомобил кој со своите неверојатни перформанси треба да се вброи на врвот на листата на најдобри електрифицирани автомобили. Овој автомобил го придвижуваат четири електрични мотори, по еден за секое тркало, а заедно ќе продуцираат околу 2.000 КС што ќе овозможи забрзување до стотка за помалку од 2 секунди, а до 300 км/ч за помалку од 12 секунди.

Максималната брзина која може да ја постигне изнесува нешто над 400 км/ч. Во производство се очекува овој концепт да влезе во 2020 година, а цената ќе се движи од 2 до 2,5 милиони американски долари. Планирано е да се произведат само 150 примероци, а по 50 ќе бидат дистрибуирани на сите три клучни регионални пазари и тоа во Северна Америка, Европа и Азија.

Pininfarina Battista

Што се однесува до името истото доаѓа од основачот на Pininfarini, Battista Pinin Farina. Првите испораки се очекуваат да се случат кон крајот на следната година кога ќе се одбележи и 90 годишнината од постоењето на Carrozzeria Pininfarina.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK