Во Либан промовиран првиот електричен автомобил чиј дизајнер е Македонец!

ОБЈАВЕНО НА:

Интервјуто со Михаел Мерклер ќе го објавиме вечерва.

Спомнувањето на Либан секогаш е поврзано со „лоша слика“, каде има разурнати згради, проблеми со економијата и најмногу се поврзува со граѓанската војна на почетокот на 90-тие години од минатиот век…. но и покрај тоа таму го направија првиот „100 процентен“ електричен автомобил произведен во таа земја. Ништо необично бидејќи сега секоја земја сака да има свој производ, да се запише на картата на автомобилски производители.

Овој електричен автомобил се разликува од другите по тоа што е креација на Македонец. Потписот на Quds Rise е на Михаел Мерклер, гостиварчанец кој пред шест месеци замина во Бејрут и таму почна да го живее неговиот сон – да дизајнира автомобили кои потоа ќе се возат на улица.

Мерклер во интервју за www.24auto.mk сподели детали од неговата работа на автомобилот, инспирацијата за дизјанот, колку време било потребно истиот да се произведе и кои се неговите технички карактеристики.
Со Мерклер со се запознавме уште во 2019 година кога првпат го претстави концептот на електричниот автомобил, а потоа следуваше и период да одобрување. Откако стигна понудата да се пресели во Бејрут почна и неговата професионална кариера во однос на дизајнирањето автомобили.

Инаку на стандардната верзија максималната брзина ќе му биде 165 км/час (електронски лимитирана) со забрзување од 0 до 100 за 5 секунди, со едно полнење ќе може да извозите од 350 до 450 километри во зависност од стилот на вашето возење. Интервјуто со Михаел Мерклер ќе го објавиме вечерва.

Масовното производство на овој автомобил треба да започне на лето. Сопственикот на компанијата е Мохамед Џихад кој откако направи цело богатство во телекомуникацискиот сектор во Канада и градежништвото во земјите од Заливот и Ирак, реши да си ја испроба среќата во автомобилската индустрија.

Во Либан, каде имаше скоро секојдневно прекинување на електричната енергија по граѓанската војна во 1990 година, жителите мора да имаат свои генератори затоа што треба да чекаат повеќе од 12 часа на ден за да ја отстрани дефектот. Планирани се околу сто станици за полнење што треба да ги постави низ целата земја ќе бидат поврзани со приватни генератори кои ќе се напојуваат со соларна и ветерна енергија во догледна иднина.

Цената на автомобилот е 30.000 долари или 360 милиони либански фунти по курс на црниот пазар, по распадот на домашната валута, која загуби повеќе од 85 проценти од својата вредност наспроти зелената банкнота за 18 месеци.

Македонецот Михаел Мeрклер од Гостивар дизајнираше супер автомобил што ќе се произведува во Канада

Видете го прототипот на супер автомобилот што го дизајнираше Македонец! (Видео)

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK