Во Кина нема пауза: Доаѓаат уште два нови автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Додека европските производители делумно паузираат со новитетите, офанзивата на кинеските која започна во втората половина минатата година и натаму продолжува. Во пресрет на априлскиот саем за автомобили во Шангај, претставени се два новитети.

Првиот е дело на производителот FAW кој го претстави автомобилот Bestune T55. Се работи за кросовер кој се базира на FMA платформата, а должината на истиот изнесува 4.437 мм. Ширината изнесува 1.850 мм, висината 1.625 мм додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.650 мм.

На купувачите во Кина ќе им биде овозможено да бираат помеѓу два мотори. Првиот е 1,5 литарски турбо бензински мотор со 169 КС и 258 Nm. Истиот доаѓа со 7 степен автоматски менувач. Другиот, е 1,2 литарски трубо бензински со 143 КС. Во продажба во Кина доаѓа уште ова лето, а почетната цена стартува од 104.900 јуани односно 13.515 евра.

Вториот новитет е од Roewe и претставува всушност фејслифт на моделот i5 претставен уште во 2017 година. Иако е претставен како фејслифт, станува збор за верзија со драстично изменет дизајн, како надворешен така и внатрешен.

Во понудата остануваат двата 1,5 литарски бензински мотор, а подоцна годинава ќе биде претставена и електричната верзија која доаѓа со 135 kW батерии кои според NEDC овозможуваат автономија од 501 км.

Продажбата на овој модел започнува уште оваа пролет, а почетната цена за базичната верзија изнесува 10.600 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK