Vision EQ Concept – Автономен и електричен Smart за двајца

ОБЈАВЕНО НА:

Smart го покажа нивниот нов Vision EQ concept Fortwo пред почетокот на саемот во Франкфурт. Малиот концепт покажува како Daimler ја замислува иднината на урбанат амобилност и локалниот јавен транпорт: целосно автономни и електрични возила кои секогаш се поврзани за извршување на потребите што ги има човекот.

Без педали и волан, автономија електричниот Smart Vision EQ Fortwo доаѓа со литиум-јонска батерија (30 kWh), со огромно предно стакло, мултифункционален преден надворешњн информативен екран, на кој може да се внесуваат разни информации и да се испишуваат предупредувачки пораки, како и проѕирни странични панели.

https://youtu.be/4Afk82PW_Y4

Ова е исто така првото Smart возило кое спаѓа под брендот EQ. Дајмлер планира да лансира повеќе од десет електрични возила до 2022 година, почнувајќи од моделот Smart и да се движи до големите SUV возила.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK