Versa е адутот на Nissan во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan за претстојниот саем во Њујорк се одлучи за свој адут да ја има премиерата на моделот Versa.

Новата четврта генерација од овој модел кој претходно беше достапен и во хечбек изведба, доаѓа со бројна опрема за асистенција на возачот и безбедност и во целост ги задоволува најавените строги критериуми за безбедност во САД. Меѓу останатото, тука е системот за автоматско сопирање со детекција на пешаци, систем за предупредување на напуштањето на коловозната лента, адаптивниот темпомат, системот за предупредување на мртов агол итн.

Централно место во понудата ќе заземе 1.6 литарскиот четирицилиндрен бензински мотор со 122 КС и 154 Nm обртни моменти, а доаѓа во комбинација со мануелен и автоматски менуач.

Nissan Versa

Оваа генерација на моделот Versa кој во различни делов од светот е познат и под името Almera, Sunny, но и Renault Scala ќе започне да се продава во САД уште ова лето, а цената се очекува да биде позната по завршувањето на саемот во Њујорк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK