Toyota Yaris со карбонски покрив (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првата генерација на Toyota Yaris некогаш беше незабележителен мал автомобил. Сегашната генерација е друга работа – делува доста самоуверено. Сега производителот од Јапонија го има изострено профилот на моделот уште повеќе. Особено во спортската веријанта GR Yaris, равиена во соработка со Toyota Gazoo Racing World Rally Team.

GR Yaris е изградена на уникатна платформа. Таа смета на предниот дел на новата архитектура GA-B, на која е базиран нормалниот Yaris, со заден дел на поголемата платформа GA-C. Единствените неизменети надворешни делови на GR Yaris се фаровите, ретровизорите, задните светла и антена од типот перка на ајкула на кровот.

Последното место трационално од челик се состои од компресиран материјал од јаглерод со композитен материјал (Carbon Sheet Molding Compound, C-SMC), кој се користи првпат во каросеријата на моделот на Toyota. Во споредба со челичниот кров, се заштетува околу 3,5 килограми. Покрај намалувањето на тежината, центарот на гравитацијата на автомобилот е намален, што дополнително го подобрува управувањето.

Покрај тоа линијата на кровот во задниот дел е спуштена за 95 милиметри така што воздушниот проток е насочен поефективно кон задниот спојлер. Рели варијантата на автомобилот за шампионатот WRC со големото, фиксирано задно крило посебно се користи од новата силуета.

Како дополнување кон заштедата на тежина, цврстината на тркачкиот автомобил е од решавачко значење за да се обезбеди стабилност при екстремни оптоварувња на автомобилите на трките. GR Yaris има вкупно 4.175 заварени места, 259 повеќе од нормалните Yaris. Крутоста на споевите меѓу компонентите се зголемува дополнително со особено широко распространетата употреба на структурни лепила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK