Toyota со специјалната X-Cite изведба на Aygo доаѓа во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на саемот за автомобили кој во март започнува во Женева, авто производителите полека, но сигурно ги откриваат своите “карти”.

Така, јапонскиот производител Toyota обелодени дека на овој саем меѓудругото ќе ја претстави X-Cite изведбата на најмалиот свој модел, Aygo.

Од објавената фотографија може да се види дека овој автомобил доаѓа во бело-портокалова боја со електричен покрив и 15 инчни тркала. Тука е и другата изведба во портокалова боја со црн покрив и црни ретровизори.

Во внатрешноста која е изработена од многу пофини материјали во споредба со основата изведба, доминира црната боја со детали во портокалова боја. Централно место зазема 7 инчниот инфотејнемнт систем кој поддржува Android Auto и Apple CarPlay, а тука е и задната камера, автоматскиот клима уред, Toyota Safety Sense ниво на опрема за безбедност, DAB радиото и можноста за стартување на возилото без клуч.

Овој модел кој доаѓа во продажба оваа година е опремен со 1.0 литарски три цилиндрен мотор со 71 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK