Toyota ќе има и мал SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител потврди дека на 3 март во Женева требаше да ја одржи светската премиера на најмалиот SUV во понудата. Останува најавата за светската промоција само што овојпат таа нема да биде на саемот во Женева бидјеќи истиот е откажан. Се работи за модел кој се базира на новата генерација од Yaris, а кој во понудата се позиционира под моделот C-HR.

Оттука, базирајќи се на TNGA GA-B платформата, овој модел се очекува да не е подолг од 4 метри и поширок од 1,70 метри.

Засега не се отркиваат многу детали, но со оглед на тоа што се базира на моделот Yaris, се очекува да дојде и со истите мотори. Стандардниот 1,0 литарски бензински мотор како и помоќните 1,5 и 1,6 литарски, исто така бензински мотори. Во понудата би требало да дојде и со хибридна изведба.

Покрај светската премиера на овој модел, во Женева, Toyota доаѓа и со европската премиера на Plug-in хибридната верзија на RAV4 опремен со 2,5 литарски бензински мотор и моќност од 302 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK