Toyota ја претстави новата Aqua

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota и официјално ја претстави втората генерација на моделот Aqua. Се работи за мал градски автомобил од B сегментот кој се темели на GA-B платформата, истата онаа што се користи кај новата генерација на Yaris.

Втората генерација, во поглед на првата која беше лансирана во 2011 година, доаѓа со малку поголеми димензии. Меѓуоскиното растојание е за 50 мм поголемо и изнесува 2.600 мм. Должината изнесува 4.050 мм, ширината 1.695 мм додека пак висината 1.485 мм. Тежината, во зависност од верзијата се дижи од 1.080 од 1.405 кг.

Во поглед на дизајнот, се работи за целосно нов екстериерен и ентериерен дизајн. Во внатрешноста доминира 10,5 инчниот екран како и дигиталната инструментална табла. Секако, новат Aqua доаѓа и со унапредена технологија, па сега со основното ниво на опременост доаѓа со многу повеќе опрема во споредба со својот претходник.

Под хаубата централно место зазема стандардниот 1,5 литарски бензински мотор во комбинација со хибридна технологија. Во завсност од верзијата, продуцира 90 КС или 114 КС.

Производството на втората генерација е веќе започнато во Канегасаки, Јапонија. Автомобилот и натаму ќе продолжи да се продава во Јапонија и околните земји, а почетната цена во земјата на “сонцето” стартува од 1.980.000 јени што е приближно 15.230 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK