Tata Punch e нов евтин СУВ – чини 8.000 долари (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Сегментот на кросовери се повеќе се збогатува, а се појавуваат и модели кои според цената се прифатливи за многумина. Токму таков модел доаѓа од индиската Tata Motors. Моделот се вика Punch и изгледа стилски и модерно. Процесот на неговото создавање го води Мартин Улхарик, кој претходно работел во Skoda и Nissan. Моделот е наменет за индискиот пазар, а нема најави дали ќе се нуди и на други континенти.

Должината на кросоверот e 3840 мм. а меѓуоскиното растојание е 2450 мм. Ширината и висината се 1822 мм. и 1635 мм. Моделот е направен во согласност со актуелните трендови и ќе биде во гамата на компанијата под кросоверот Nexon.

Каросеријата на Tata Punch има пет врати, но рачките на вратите се интегрирани во рамката на задните прозорци со што создаваат изглед како на модел со три врати. Автомобилот има боја во две тонови, има темно пластично куќиште во долниот дел и широки квадратни лакови.

Решетката на ладилникот е поделена на два дела. Задни светла со неправилна форма се протегаат и кон браниците. Стилскиот изглед го надополнуваат двобојните тркала и навлаките на ретровизорите во бојата на покривот. Внатрешноста е направен во воздржан стил и е опремена со мултимедијален систем со екран на допир, мултифункционален волан и контрола на климата.

Tata Punch се базира на модуларната платформа ALFA. Кросоверот е придвижуван од 1,2-литарски бензински мотор со моќност од 83 КС, кој е комбиниран со петстепен мануелен менувач или роботски. Новитетот ќе се најде во продажба на 20 октомври. Главниот продажен пазар ќе биде Индија, каде што ќе чини од 8.000 до 10.000 долари за новиот кросовер, во зависност од конфигурацијата.

Веројатно во Европа засега нема да се нуди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK