СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: Citroen C4 X и целосно електричен Е-C4 X

ОБЈАВЕНО НА:

Citroеn на своите клиенти нуди елегантен, посакуван и достапен, нов вкрстен дизајн како алтернатива на конвенционалните хечбек и СУВ модели на главниот пазар на средно големи возила.

Citroеn го претставува новиот C4 X и комплетно електричниот ë-C4 X, со уникатен, елегантен дизајнерски пристап, за клиенти кои бараат интересна алтернатива за понудата на hatchback и SUV во достапниот пазар на возила со средна големина. Следејќи ги стапките на стилскиот, комплетно нов Citroеn C5 X, дизајнот на новиот C4 X и ë-C4 X се осмелува да ги предизвика традиционалните дефиниции на компактниот автомобилски стил за да понуди нешто уникатно: вкрстен дизајн што комбинира елегантна силуета на фастбек, со модерен став на SUV, како и безвременска префинетост и просторност на автомобил со 4 врати.
Новиот C4 X и комплетно електричниот ë-C4 X, го користат и интефејсот за забава и информаци од најнова генерација на Citroеn, MyCitroеn Drive Plus, овозможувајќи им на клиентите сеопфатен пакет за поврзување и услуги.

Citroеn прави смел чекор во понудата, со комплетно електричен модел ë-C4 X на многу од Европските пазари каде продажбата на електрични возила е веќе позрела. Со мотор од 100 kW и до 360 km WLTP опсег, новиот ë-C4 X ќе биде единствениот комплетно електричен автомобил што ќе ја понуди оваа комбинација на дизајн, комфор и просторност на седан, на главниот пазар за автомобили со средна големина. Ова, во комбинација со обемниот волумен на багажникот од 510-литри, го прави идеален придружник за секојдневна употреба во градовите.

Клиентите кои можеби претпочитаат чист и ефикасен мотор со внатрешно согорување на интернационалните пазари, како и избрани Европски земји, за C4 X ќе имаат на располагање избор од палетата докажани мотори од Citroën – бензински мотори PureTech со турбо полнење и директно вбризгување, како и дизел мотори BlueHDi.
Новите модели C4 X и ë-C4 X ќе бидат ексклузивно произведувани во Европа за сите пазари во производствен погон на Stellantis Villaverde во Мадрид, Шпанија, со прогресивно започнување на продажбата од есента 2022.

УНИКАТЕН И КАРАКТЕРИСТИЧЕН ДИЗАЈН
Иако е јасно дека новите C4 X и ë-C4 X се членови на последната генерација на семејството Citroën, нудат нешто ново, свежо и уникатно за клиентите кои бараат стилски алтернативи на многу присутните понуди на hatchback and SUV стил на каросерија.
На должина од 4600 mm, новиот C4 X и ë-C4 X уредно влегува во линијата на Citroën помеѓу C4 со 4360 mm должина и C5 X со 4800 mm должина. Меѓуоскиното растојание од 2670 mm е исто како кај C4, бидејќи и двата се базираат на истата CMP платформа од компанијата.

Кога ќе се погледне во профил, динамичната линија на кровот лебди без напор и неприметно од врвот на ветробранското стакло, во горниот панел на капакот на багажникот, за да се создаде силуета на fastback, која изгледа повеќе како врасната, отколку надодадена, што е повеќе случај со повисоките возила од cross-сегментот. Задниот дел интелигентно ја маскира должината потребна да го спакува обемниот багажник од 510 литри.

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ПОВРЗУВАЊЕ ЗА ДИГИТАЛЕН ЖИВОТ
Новите модели Citroën C4 X и ë-C4 X го носат поврзувањето и инфо-забавата на следно ниво, благодарение на достапноста на комплетно новиот интерфејс за информации и забава – My Citroën Drive Plus, претставен неодамна кај предводникот Citroën C5 X.

MY CITROËN DRIVE PLUS
Овој нов, многу интуитивен интерфејс користи 10“ HD екран и може комплетно да се персонализира, со употреба на систем додатоци. Сега веќе познати од паметните телефони и таблетите на допир, додатоците обезбедуваат брз начин за гледање на апликациите и содржината на екранот на допир во автомобилот, без да има потреба од отворање на апликацијата.
Новиот интерфејс, исто така, има и гласовно препознавање, дигитален асистент кој може да „се разбуди“ од страна на патниците со командата „Hello Citroën”, како и да разбере што зборуваат, одговори на нивните прашања и ги извршува говорните команди.

УСЛУГИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ
За дополнителен комфор и безбедност, достапен е пакет Услуги за поврзување од Citroën што го надополнува интерфејсот My Citroën Drive Plus:
* My Citroën: апликација која треба да се поврзе со автомобилот преку вашиот паметен телефон. Возачите на новиот ë-C4 X, на пример, ќе може да го проверат статусот на нивната батерија и просечниот опсег, како и да го програмираат и надгледуваат нивниот распоред за полнење, како и предходно да ја загреат или изладат патничката кабина.
* My Citroën Assist: обезбедува смиреност со бесплатни геолокациски итни повици и услуги за помош на пат, со пристап 24-7, без претплата. Во случај на незгода, кога се активирани воздушните перничиња, My Citroën Assist автоматски испраќа известување до најблиската служба за итни случаи за да се испрати помош.
* My Citroën Drive: нуди информации за сообраќајот во реално време преку TomTom Traffic, вклучувајќи локација на места од интерес, информации за временските услови, како и локација и цени на бензинските станици и паркиралишта.
* My Citroën Play: овозможува возачите и патниците да уживаат во нивните омилени апликации на безбеден начин. Услугата нуди безжично поврзување и компатибилност со Apple CarPlay (вклучувајќи контрола на гласот SIRI) и Android Auto.

СМИРЕН, КОМФОРЕН И ПРОСТОРЕН
Во новиот Citroën ë-C4 X и C4 X, возачите и нивните патници ќе уживаат во неспоредливо чувство на смиреност, комфор и просторност, благодарение на познатото искуство – Citroën Advanced Comfort.
* ОБЕМЕН БАГАЖНИК – Уникатниот дизајн на новите модели на Citroën – C4 X и ë-C4 X, овозможи дизајнерскиот тим да креира импресивен багажен дел со екстра големина, обезбедувајќи 510 литри корисен простор.
* ПРОГРАМА CITROËN ADVANCED COMFORT – Секогаш кога возачите и патниците влегуваат во новиот Citroën C4 X и ë-C4, може да очекуваат супериорен комфор, без стрес и смирувачко искуство, благодарение на програмата Citroën Advanced Comfort, грижлив и рационален пристап за обезбедување на најдоброто можно чувство на благосостојба, за сите во патничката кабина.
Надополнување на програмата Citroën Advanced Comfort кај новиот C4 X и ë-C4 X се ексклузивитетот на марката, седиштата Advanced Comfort. Широки и гостопримливи, имаат специјален задебелен сунѓер за 15mm, плус уникатна комбинација од визуелна, постурална и динамичка поддршка. Патниците може да очекуваат чувство како да седат во цврста фотелја, сместени во место кое е изолирано од бучавата и неправилностите на патот под нив. Сунѓер со голема густина во средиштето на седиштата, обезбедува оптимален комфор особено при подолги патувања и го одржува тоа со текот на времето намалувајќи го ефектот на пропаѓање и стареење на седиштата.


* ПРОГРЕСИВНИ ХИДРАУЛИЧНИ ПЕРНИЧИЊА®
Невидлив за возачот и патниците, но императив за искуствотото на комфор при возењето во новиот C4 X и ë-C4 X, е системот за потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња, иновација и ексклузивитет на Citroën.
* ИДЕАЛНА ТЕМПЕРАТУРА
За сите патници да се чувствуваат комфорно, дури и при екстремни услови, достапен е сеопфатен пракет за контрола на климатизацијата. Ова вклучува дво-зонски автоматски систем за контрола на климатизацијата, со едноставна употреба, заедно со греење на предните и задни седишта, како и греење на ветробранското стакло и воланот. Патниците на задните седишта, исто така ќе бидат во можност да го контролираат протокот на воздух преку отворите кои се наоѓаат во задниот дел на централната конзола.
* СВЕТЛИНА И СМИРЕНОСТ
Светлината и амбиентот може да го подобрат секое патување во новите модели C4 X и ë-C4 X, каде е нагласено создавањето на смирена, позитивна атмосфера, со топли материјали и голема застаклена површина, со помали задни аголни прозорци. Светлата облога на кровот и амбиентот во внатрешноста, додаваат светлина и топлина.
* ПАМЕТНО СКЛАДИРАЊЕ НАСЕКАДЕ
За да одговори на очекувањата на клиентите, Citroën обрна особено внимание за максимален простор за складирање, освен обемниот багажник и во патничката кабина на новиот C4 X и ë-C4 X. До 16 отворени и затворени прегради, може да додадат вкупна запремнина за складирање од 39 литри, дизајнирани за практичност и едноставно користење на дневно ниво.
Патниците напред може да користат Citroën Smart Pad Support™, систем што може да се расклопи, вграден директно во контролната табла и дизајниран да држи таблет.

НОВИОТ Ë-C4 X: ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНА СМИРЕНОСТ ВО УНИКАТЕН ДИЗАЈН
Каде и да сакате да одите и без оглед на ограничувањата за пристап поради регулативите за емисија на штетни гасови, новиот ë-C4 X ви овозможува возење во целосно електричен режим, со нула емисија на дневно ниво.
* НУЛА ЕМИСИИ СО МОЌ И ОПСЕГ
Благодарение на мазната, аеродинамична форма, ефикасните мотори со нула емисија кај новиот ë-C4 X нудат импресивен WLTP опсег до 360 km во комбинација со речиси бесшумни перформанси.
260 Nm веднаш достапен вртежен момент, од 0-100 km/h (0-62 mph) за време од 9.5 секунди во спортски режим на работа и максимална брзина од 150 km/h. Батериски пакет од 50 kWh 400 V Li-ion.
За дополнителна смиреност, гаранцијата на батеријата е осум години или 160,000 km за 70% од капацитетот на полнење.

ОПТИМИЗИРАНО И ЕДНОСТАВНО ПОЛНЕЊЕ
Полнењето на новиот ë-C4 X е едноставно и може да се изврши на јавна станица за полнење или дома. За секое сценарио времето на полнење е оптимизирано:
• На јавна станица за полнење, со брз полнач од 100 kW DC charger (mode 4), 80% од полнењето завршува за 30 минути.
• Користејќи 7.4 kW / 32 amp wall box (mode 3), за полнењето е потребно 7.5 часа
• Дома, батеријата може да се полни со користење на стандарден приклучок (mode 2).

ИНТУИТИВНА ИНТЕРАКЦИЈА
Постои силна поврзаност помеѓу возачот и електричниот автомобил, затоа Citroën ја поедностави интеракцијата за да биде природна на дневна основа, како било која технологија во домот.
Специфични страници кои го покажуваат оперативниот статус на системот или прилагодувања за одложено полнење на батеријата, се достапни директно или преку копче на централната конзола или на 10“ HD интерфејс на екран на допир.

МОДЕРНИ И ЕФИКАСНИ МОТОРИ ЗА НОВИОТ C4 X
Во зависност од пазарот, достапни се Citroën PureTech со 3-цилиндри, бензински мотори со турбо полнење и директно вбризгување и комбинации на менувачи:
• PureTech 100 Start & Stop Euro 6.4, 6-степен менувач
• PureTech 130 Start & Stop Euro 6.4, EAT8 Automatic
• PureTech 130 Euro 6.1, EAT8 Automatic само за Средниот Исток, Африка и интернационалните пазари.

Новиот C4 X исто така, на одредени пазари ќе биде достапен и со најновиот ефикасен Citroën BlueHDi 130 Euro 6.4 Start & Stop турбо дизел мотор во комбинација со EAT8 автоматски менувач.

НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПОМОШ ВО ВОЗЕЊЕТО
Новиот Citroën C4 X и ë-C4 X се приклучија кон последната генерација модели C4, C5 Aircross и C5 X со понуда на навистина сеопфатно портфолио на најновите технологии за помош и сигурност*.

До 20 Напредни системи за помош во возењето од Citroën се достапни за подобрена безбедност при возењето, како и да го направт животот зад воланот или во патничката кабина помалку стресен

Следете не и на:

24AUTO NETWORK