Србите не се откажуваат – саемот во Белград закажан за септември

ОБЈАВЕНО НА:

Поради корнавирусот саемот во Белград што требаше да се одржи во март беше одложен. Истата судбина ја доживеаја и многуте други познати европски и светски самски манифестации. За разлика од некои чија одлука беше воопшто годинава да нема саемска манифестација од Белград стигнува друга вест – БГ Кар Шоу сепак ќе се одржи, но во септември.

Во моментов големата саемсска зграда во Белград е место каде се примаат полесните случаи на заболени од коронвирусот. Но, се очекува до септември ситуацијата да се смири и да може повторно да се соберат планираните изложувачи.

Саемот во Белград се одржува на секои две години, па веројатно поради тоа Србите не сакаат да се откажат од можноста да ги покажат сите новитети, но и да помогнат околу продажбата на возила. Во моментов продажбата на возилата секаде во Европа паѓа, па така и во Србија. Вообичаено саемите се места каде исто така се „пазари“ добро, со оглед на многуте попусти што се даваат.

Новиот датум на одржување на саемот во Белград е од 10 до 16 септември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK