Следната Skoda Octavia доаѓа веднаш после новиот Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda наскоро ќе го обнови својот најпопуларен модел Octavia. Веќе е јасно дека следната, четврта генерација на автомобилот ќе биде претставена во текот на есента во 2019 година. Тоа ќе се случи само еден месец после премиерата на новиот VW Golf.

Според информација на Auto Bild, автомобилот ќе биде претставен пред публиката за време на саемот во Франкфурт. Прво ќе биде виден лифтбекот, а до крајот на годината треба да излезе и комбито. Производството на моделот ќе стартува на почетокот на 2020 година.

Следната Octavia ќе добие радикално нов дизајн, кој ќе го следи стилот, демонстриран од Чесите при компактниот модел Scala. Дизајнерите на Skoda сметаат да се откажат од спорното решение за оптика со двојна дупка. Таа се појави после дотерувањето, откако предизвика доста негативни повратни информации. Внатрешниот дел на автомобилот ќе биде покомотен, а обемот на багажникот ќе надмине 590 литри.

Во основа на четвртата генерација на моделот е платформата MQB, но дигиталните и елетричните елементи во неа ќе бидат сосема нови. Следната Octavia ќе добие хибридна верзија со посебен систем. Покрај тоа моделот ќе биде опремен и со најсовремени технологии за безбедност и асистенти на возачот, како и со модерни мултимедиски уреди.

Опсегот на моторот за Европа ќе вклучува бензински мотори 1,0-1,5 TSI (последниот ќе располага со системот за деактивација на два цилиндри), а исто така и со 1,6- и 2,0-литарски TDI. Сите мотори одговараат на новата еколошка норматива Euro 6d-temp.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK