Следната година пристигнува Corolla седан

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на почетокот на годината беше претставена новата генерација на Auris, хечбек кој го враќа името Corolla, сега од јапонскиот производител прецизираат дека новата седанска изведба на најпродаваниот модел во историјата ќе пристигне во текот на следната година.

Седан изведбата ќе ја следи дизајнерската филозофија применета кај хечбек изведбата на Corolla. Тоа значи дека главниот дизајнер Клебер Силва го искористил дизајнот на Auris во создавањето на новиот седан.

Под хаубата се очекува да бидат понудени истите мотори како и кај хечбек изведбата, а тука се очекува да бидат понудени и двата хибридни погони и тоа 1.8 и 2.0 литарски хибридни системи.

Како целен пазар на овој модел ќе биде САД, а ќе се продава и во сите останати региони од светот. Премиерата се очекува да се одржи на некој од големите саеми за автомобили, додека производството се очекува да започне на почетокот на 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK