Skoda Vision RS како најава на новата генерација на Rapid

ОБЈАВЕНО НА:

Vision RS Concept е концептниот модел кој чешкиот производител го подготвува за премиера на саемот за автомобили во Париз. Овој модел заедно со Karoq Scout, Karoq Sportline i Kodiaq RS ќе бидат претставени во Париз и покрај тоа што претходно беше објавено дека Skoda нема да учествува на овој саем.

Овој концепт за кого може да се каже дека е наследник на хечбек изведбата на Rapid, доаѓа како најава на идните RS модели што Skoda планира да ги пласира на пазарот. Во 70-те години на минатиот век чешкиот производител лансираше два спортски модели со назнака 180RS и 200RS, па искористувајќи го овој историски момент, сака повторно да го оживее спортскиот дух кај своите автомобили.

Овој концепт се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X.

Å koda Vision RS Concept

Немајќи официјална потврда, доколку се оствари шпекулацијата дека овој концепт е најава на новиот Rapid, земајќи ги во предвид димензиите, новата генерација на Rapid ќе понуди солиден простор за патниците во внатрешноста како и багажен простор од околу 430 литри.

Во однос на понудата на мотори, согласно претходните најави, новиот Rapid ќе биде понуден со 1.0 литарски и 1.5 литарски TSI бензински мотор како и 1.6 литарски TDI дизелски мотор.

Инаку саемот во Париз започнува на 4 октомври и ќе трае се до 14 октомври. Иако бројни производители како Alfa Romeo, Fiat, Jeep, Opel, Nissan, Mazda, Ford и други, најавија дека нема да учествуваат на овој саем, сепак, во Париз ќе видиме бројни новитети и концептни креации, особено од Peugeot, BMW и брендовите на VW Групацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK