Skoda Superb премиерно ќе се покаже на СП во хокеј!

ОБЈАВЕНО НА:

Третата генерација од моделот Superb на Skoda кој беше претставен во 2015 година во март годинава ја надмина бројката од 500 илјади продадени автомобили. Благодарение на одличната продажба која од година во година бележи тренд на пораст, Skoda се одлучи годинава или поточно на 23. мај во рамките на Светскиот шампионат во хокеј во Словачка, да го претстави редизајнот на третата генерација.

Околу новитетите, во екстериерот и ентериерот и не треба големи очекувања. Она што е сигурно е дека на задниот дел, по примерот на моделот Scala ќе биде напишан називот Superb. Тука се и подновените предни и задни LED светла, а во внатрешноста, покрај новите седишта присутен е и новиот инфотејнмент систем.

Во март годинава се појавија шпекулации дека овој редизајн во понудата ќе дојде и со бензински мотор со моќност од 150 КС и електромотор со 95 КС со кој ќе може да помине 70 километри.