Škoda со премиера на “кралскиот” Kushaq

ОБЈАВЕНО НА:

Како што беше и најавено, Skoda и официјално го претстави кросоверот Kushaq. Се работи за кросовер развиен за индискиот пазар, а називот во превод од санскрит значи “крал”.

Од претходно е познато дека овој модел се базира на MQB-A0-IN платформата која ќе се користи и кај идните модели на Skoda на пазарот во Индија. Должината изнесува 4.256 мм, висината 1.612, ширината 1.761 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.651 мм. Клиренсот изнесува 188 мм, а купувачите ќе може да бираат помеѓу 16 и 17 инчни тркала.

Во однос на дизајнот истиот е инспириран од моделот Skoda Kamiq, a препознатливата дизајнерска филозофија на Skoda е присутна во секој детал во надоврешноста и внатрешноста.

Во внатрешноста доминира 10 инчниот екран, а впечатлив е и двокракиот мултифункционален управувач. Тука се и двобојните ергономски седишта, а во понудата купувачите ќе може да одбираат помеѓу повеќе материјали и бои.

Под хаубата доаѓа со 1,5 литарскиот TSI бензински мотор кој продуцира 150 КС. Во комбинација доаѓа и со мануелен и со автоматски DSG менувач. Индијците ќе може да го одбираат и помалку моќниот 1,0 литарски трицилиндрен агрегат како и верзијата на CNG.

Производството стартува ова лето во фабриката на Skoda VW India лоцирана во индискиот град Чакан. Цената засега останува непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK