Sian – најмоќното Lamborghini досега

ОБЈАВЕНО НА:

По Porsche Taycan, Volkswagen Групацијата претстави уште еден електричен автомобил. Овој пат под брендот Lamborghini лансиран е Sian, првиот електричен автомобил на овој спортски бренд.

“Со Sian ние ја дефиниравме нашата рута за иновации и поставуваме нови правила во новите технологии” изјави Маурицио Реџиани од Lamborghini на промоцијата на овој автомобил чија саемска премиера ќе се одржи на претстојниот саем за автомобили во Франкфурт.

Екстериерот е инспириран од концептот Terzo Millennio кој беше претставен во 2017 година, а развиен од страна на Lamborghini и Институтот за технологија на Масачусец. Тоа значи дека доминираат оштрите линии во секој дел од автомобилот со стилските предни и задни светла.

The Lamborghini Sian hybrid is hardly green, it still has a massive V12 engine.

Максималната брзина со електричен мотор е ограничена на 130 км/ч, но во комбинација со 6.5 литарскиот V12 мотор се добива најмоќниот Lamborghini автомобил досега. Така до 100 км/ч забрзува за само 2.8 секунди, а максималната брзина изнесува нешто над 350 км/ч.

Вкупната комбинирана моќност изнесува 820 КС, а во понудата ќе се најде во комбинација со седум степен автоматски менувач.

Lamborghini Sian hybrid is a sign of things to come from the supercar maker.

Ентериерот е евалуација на оној од Lamborghini Countach, со бројна напредна технологија и централно поставен екран осетлив на допир.

Почетната цена на овој автомобил изнесува 3.3 милиони евра, а сите 63 предвидени примероци за производство веќе се продадени.