Се за новиот Hyundai i20 во 3 минути (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако меѓународниот саем за автомобили во Женева 2020 беше откажан, европското одделение на Hyundai распространи видео на целосно новата генерација на хит моделот i20, во кое детално ги запознава клиентите со најважните карактеристики на новиот автомобил.

Од Hyundai споделуваат дека новото i20 е првиот автомобил на компанијата, кој бил инспириран од новиот јазик за дизајн на брендот – Sensuous Sportiness. Автомобилот ветува да им понуди на корисниците најдобра поврзаност во својот сегмент со системот Bluelink, врвна безбедност и за првпат во историјата ќе биде достапен во верзија со хибриден погонски систем за подобрување на економичноста со гориво.

Со целосно нов дизајн на екстериерот и ентериерот, новиот Hyundai i20 ќе се појави на пазарот со два нови, 10.25-инчни екрани – мултимедиски и инструментален панел, импресивен пакет на системи за асистенција и зголемување на активната безбедност од семејството SmartSense, вклучително и новата генерација на сопирачки асистент и адаптивна круз-контрола.

Според димензиите автомобилот е со 24 мм понизок, со 300 мм поширок и со 5 мм подолг во споредба со својот претходник. Патниците на задниот ред седишта можат да сметаат на поголем простор, а товарниот дел е зголемен со 25 литри до 351 литар.

Новиот Hyundai i20 доаѓа со избор меѓу 10 основни бои, како и во варијанта со контрастен црн таван.

 

Во однос на погонот, новото i20 се нуди со еднолитарски T-GDi мотор во верзија со 100 и 120 коњски сили, а тука моторот може да биде конфигуриран и во хибридна варијанта Од компанијата предлагаат исто така и модификација на моделот со 1,2 литарскиот MPi мотор со 84 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK