Женева 2020: Czinger 21C до 400 км/ч за 29 секунди (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот стартап Czinger, кој пред неколку дена ја најави премиерата на моделот 21C за меѓународниот саем во Женева на почетокот на следниот месец, веќе објави нови детали за автомобилот.

Хиперавтомобилот Czinger 21C, кој се одликува со нестандардна конфигурација на двете седишта едно зад друго, ќе биде произведен во лимитирана серија од 80 примероци, а ќе има две верзии и тоа за стандардни патишта и за тркачка писта. И двете ќе имаат можност да бидат дополнително прилагодени.

Czinger 21C е опремен со хибриден погонски систем развиен од компанија од САД, кој е V-oбразен, 2.9-литарски со вртежен момент од 11.000. Има осум цилиндри, два електромотори, погон на предни тркала и лесен седумстепен мануелен менувач.

Хиперавтомобилот тежи под 1200 километри и ќе даде можност на идните сопственици да ја покорат максималната моќност од 1233 коњски сили, да забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 1,9 секунди и од 0 до 400 км/ч за 29 секунди.

Класичната дисцилина четврт милја е со резултат од 8,1 скунди, а забрзувањето од 0до 300 км/ч и одново до 0 се случува за 15 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK