VW го потврди Golf GTI за Женева – ова е првата фотка

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen ја откри првата слика за новата генерација на Golf GTI и најави дека светската премиера на автомобилот ќе се случи на меѓународниот саем во Женева што почнува на почетокот на следниот месец.

Засега, Volkswagen споделува минимални детали за новиот Golf GTI, кој ќе биде лансиран во втората половина од оваа година. VW најавува дека ќе дебитира со специјални нови решенија за стилизирање на надворешноста, вклучително и опцијата за нарачување на LED лента во решетката на ладилникот, дифузери со странични монтирани издувни системи и многу повеќе.

Новиот Golf GTI ќе биде опремен со Digital Cocpit, нов мултифункционален спортски управувач со кожа и осетлив на допир зони за контрола на секундарните системи на таблата и многу повеќе.

Од Volkswagen најавуваат дека новиот Golf GTI останува верен на традицијата, со чисти линии, погон на предните тркала, моќен бензински мотор, мотиви на седиштата со мотиви на карирано знаме и многу повеќе. Новиот спортски Golf исто така ќе биде првиот компактен спортски автомобил во светот кој ќе биде опремен со безбедносниот систем Car2X, кој ветува безбедност на следната генерација благодарение на раното предупредување на возачот за опасностите на патот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK