Во очекување на саемот во Лос Анџелес, BMW ја претстави најмоќната тројка

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Лос Анџелес кој треба да се одржи на крајот од овој месец свое деби ќе има најмоќната верзија на новото BMW 3 G20, што ќе биде практично и најава за појавата на следното М3. Модификацијата M340i ќе се нуди покрај со заден и со двоен пренос, а има и специјално направена шасија и М-диференцијал.

Трилитарскиот баварски седан развива 387 коњски сили (374 за Европа) и има 500 Нм. Моторот е снабден со twin-scroll турбо полнач во колекторот за вшмукување, кој тежи со 25 проценти помалку отколку претходникот.

Менувачот е со осумстепени и автоматик Sport Steptronic со усовршена хидраулика, преносни броеви и електронски асистент за трнување. Преносот се адаптира кон стилот на  возењето и патот, благодарение на податоците добиени од системот и активната контрола на патувањето.

M340i забрзува од 0 до 100 км/ч за 4.4 секунди со три десетинки помало време од претходното M3 со моќност од 431 коњска сила. Максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.

Стандардната опрема вклучува спуштена за 10 милиметри суспензија M Sport со оптимизирана кнематика, засилени сврзувачки точи, дополнителни ремени, потврди пружини и стабилизатори на попречната стабилност. За дополнително плаќање ќе може да се порача адаптивна суспензија со електронски управувани амортизери.

Основните модификации ќе бидат опремени со опрема за управување со променлив степен на пренос, М Sport кочници со 348-милиметарски дискови однапред и 345-милиметарски одзади. Верзијата со двоен пренос M340i xDrive ќе располага со сериски и систем Performance Control, кој ја контролира распределбата на вртежниот момент и при потреба испраќа повеќе моќ кон задните тркала.