Уште нема летечки автомобили, но Goodyear веќе има гуми за нив

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева е претставена концептната гума AERO на Goodyear која е предвидена за автономните летечки возила на иднината.

Гумата на иднината велат дека визионерски е осмислена како мултимоделен ротор за кој овозможува возење на автопат и летање со возилото во воздух. Тоа во превод значи дека иста автомобилска гума AERO при возење по пат има улога на класична гума додека при полетувањето ја презема улогата на пропелер кој генерира доволно сила и го крева возилото во воздух.

Единствените гуми без воздух на патот би обезбедиле доволно поддршка и би носеле тежина на патот додека во положба за летање би служеле како лопатки за роторот наменет за полетување. Непневматската конструкција на гумата би била доволно еластична да го омекне возењето по автопат, а воедно и доволно силна да се врти со брзина која на роторите им овозможува вертикално кревање.

Во исто време со употреба на магнетска сила концептната гума AERO би обезбедувала погон без триење, а тоа би овозможило доволно голема брзина на движење за возење по пат и за полетување и летање во воздух.

Со помош на оптички сензори на основа на светлоста гумата би ја контролирала ситуацијата на патот како и трошењето и беспрекорноста на сопствената структура. Во концептната гума AERO ќе биде вграден и процесор со вештачка инелигенција кој би ги комбинирал податоците од оптичките сензори со податоците добиени во комуникација на возилата со инфрактруктурата и другите возила.

Иако визионерската гума AERO засега постои само во концептен облик, со некои од неговите карактеристики, како што се безвоздушна структура и интелигенциска издржливост на гумата. Таа е предмет на понатамошен развој во Goodyear.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK