Специјална едиција на Fiat 124 Spider Urbana Edition на саемот во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Њујорк кој започнува на 19 април италијанскиот производител Fiat ќе претстави специјална изведба од моделот 124.

Станува збор за Urbana Edition изведбата која се темели на основниот модел, а кој доаѓа со дополнителен пакет на опрема. Пакетот во САД чини 995 долари, а цената на оваа специјална изведба чини 25.190 американски долари.

Овој пакет помеѓу другото ја вклучува т.н. Piano Black мојата, Black Diamond 17 инчните алуминиумски тркала, предни светла за магла, Gloss Black елементи во внатрешноста и надворешноста и специјално дизајнирани Urbana седишта во внатрешноста.

Под хаубата оваа изведба е опремена со 1.4 литарски четирицилиндричен MultiAir Turbo мотор со 162 КС и 250 Nm кој доаѓа во комбинација со 6 степен мануелен или 6 степен автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK