Со новиот Rimac до 300 km за 12 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на електрични хиперавтомобили од Хрватска, Rimac на саемот во Женева објави дека почнува да прима порачки за новиот модел.

C_Two има по еден електромотор на секое од четирите електромотори со вкупна моќност од 1914 коњски сили и вртежен момент од 2.300 Нм, а од 0 до 300 км/ч забрзува за неверојатни 11.8 секунди и развива максимална брзина од 415 км/ч.

Никел литиум-магнезиумската батерија на новиот хрватски хиперавтомобил има капацитет од 120 kW и е дел од структурата на моќта на шасијата.

Овозможува изминувае на 650 километри со едно полнење, а на брза станица за полнење капацитетот може да се пополни на 80% за само пола час.

C_Two разполага со уникатен систем за векторно управување на моќноста, која ги заменува ABS и ESP, и автопилотот од четвртата генерација. Вградената електроника го препознава расположението на возачот и го менува во зависност од неговата острина на реакциите на воланот и на гаста.

Од Rimac не ги објавија цените, но според неофицијални информации C_Two чини околу 1,5 милиони долари односно 1,34 милиони евра. Хрватите тврдат дека ги добија сите неопходни сертификати за клучните пазари, па испораките почнуваат наскоро.