Сите сакаат да ѕирнат во автомобилот на Путин на саемот во Москва (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај бројните светски премиери и новитети, најголем интерес на саемот за автомобили во Москва предизвикува автомобилот на претседателот Путин – Аурус.

Овој седан кој произлегува од проектот Кортаж во чиј рамки претходно беше претставена претседателската лимузина која располага со 12 цилиндрен турбо мотор со 850 КС е наменет за високи државници. Оттука на прво место при дизајнирањеот на овој автомобил е безбедноста и сигурноста на патниците, но истовремено е значително работено и на луксузната димензија на внатрешноста.

Специјалната верзија од автомобилот која беше премиерно претставена уште на првиот ден на саемот веќе е користена од страна на Владимир Путин, а од производителот објавуваат дека производството и продажбата ќе започне следната година, а предвидено е да се произведат помеѓу 50 и 70 примероци одо вој модел.

Инаку проектот за нова претседателска лимузина Кортеж која го иницираше појавувањео на овој модел започна уште во 2012 година, а како инспирација за овој автомобил е поранешната претседателска лимузина од ерата на Советскиот Сојуз, A ZIL-41047.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK