#СЕДИ ДОМА- Саем во Женева 2020: Посетете го виртуелниот штанд на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Откажувањето на меѓународниот саем н аавтомобили во Женева на почетокот на март годинава му штети на автомобилскиот свет со неможноста да се видат одеднаш сите планирани новитети, автомобилски и технолошки премиери. Сега сите автомобилски компании бараат нов начин да ги промовираат возилата и новитетите.

Во време кога има препорака за намалување на социјалните контакти и повеќе да бидеме дома, тоа е идеално време да се задржи вниманието на потенцијалните купувачи. Германски Volkswagen реши да им понуди уникатна виртуелна прошетка на сите они е што планираа можеби да бидат во Женева.

Детално ни е познато што Volkswagen планираше да претстави на својот штанд во Женева, но компанијата сега тоа и виртуелно ни го покажува исто како што е планирано да изгледа штандот.

Погледни го штандот тука ☞ ☞ – Премиерите и експонатите што компанијата ги подготви за изложбата во Женева се тука.

Можете да се движите од сектор на сектор, да изберете кој автомобил да го разгледате, на некои модели можете и да ја менувате бојата на експонатот.

Виртуелниот штанд на VW кој ги прикажува најновите понуди на марката, вклучувајќи ги и целосно електричните ID.3, Golf, Golf GTI, Golf GTD и Golf GTE.

Виртуелниот штанд ќе биде онлајн се до 17 април.