Саемот за автомобили во Детроит одложен за следната есен

ОБЈАВЕНО НА:

Уште едно саемско одложување – организаторите на саемот за автомобили во Детроит (North American International Auto Show)соопштија дека саемот се одложува за следната есен.

Овој саем кој е еден од трите најголеми во Северна Америка, заедно со оној во Њујорк и Лос Анџелес требаше да се одржи во јуни следната година, но истиот е презакажан за од  28 септември до 9 октомври следната година.

Претходно, и саемот во Лос Анџелес беше презакажан од 20 ноември годинава во мај следната.

Сега следен саем за автомобили кој ќе се одржи на американско тло е оној во Њујорк кој почнува на 2 април и ќе трае се до 11 април.

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK