Прво видео од Sкoda Octavia RS iV (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Sкoda беше објавено првото видео на новиот и прв од вакво вид за брендот автомобил Octavia RS iV, кој требаше да биде претставен за време на саемот во Женева. Новата Octavia RS iV ќе биде опремена со plug-in хибриден погонски систем, составен од 1.4-литарски TSI бензинов мотор и електромотор со моќност од 116 коњски сили. Вкупната максимална моќност на системот е 245 коњски сили, максималниот вртежен момент достигнува до 400 Нм, а автономноста на автомобилот во чисто електронски режим е до 55 километри.

Планирано беше Skoda да ја претстави исто така и новата Octavia iV, опремена со хибриден систем, составена од 1.4-литарскиот TSI бензинов мотор со максимална моќност од 156 коњски сили, литиум-јонска батерија со капацитет од 13 kWh, шестстепен роботизиран менувач DSG и електромотор, кој ја зголемува вкупната максимална моќност на автомобилот до 204 коњски сили и максимален вртежен момент од 350 Нм.

Кamiq е првата пазарна понуда на компанијата, која ќе го носи името на новото ниво на изведбата  Scoutline. Во опремаата на новата модификација се вклучени дополнителни црни мат светла на браниците, нови елементи на екстериерот, 17 или 18 инчни алуминиумски бандажи, задни светла со целосни диоди, дополниелна заштита на предниот и задниот дел од каросеријата, заден дифузер и други.

Во ентериераот на Skoda Kamiq Scoutline главниот акцент се регулираните во висина предни седишта со нов тапацир ThermoFlux со Suedia микрофибер елементи, кожен тапацир за воланот, рачна сопирачка, педали со алуминиумски подлошки, систем за индиректно осветлување со три бои и друго.

Kamiq Scoutline, кој ќе биде лансиран на пазарот во текот на јуни, ќе се нуди со сите дигитални верзии на моделот, максимална моќност која варира од 90 до 150 коњски сили.

Сега откао се објави дека саемот во Женева е откажан се очекува потврда кога и како Skodа ќе ги промовира најавените модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK