Познат изгледот на новото Santa Fe

ОБЈАВЕНО НА:

За време на саемот кој ќе се одржи во Женева, Hyundai ќе ја покаже новата генерација на СУВ возилото Santa Fe.

Според она што можеше да се забележи на најавите, автомобилот целосно во новиот стил на марката и ги следи линиите на новите кросовери Kona и Nexo. Сепак, освен овие информации во моментов, Корејците не објавуваат други технички детали за возилото.

Не е позната ниту платформата на која ќе се изработува новото Santa Fe. Исто така не се познати ниту моторите. Тоа ќе стане јасно дури на почетокот на март после саемот во женева.

Пред извесно време од Hyundai најавија дека Santa Fe ќе располага со значително повеќе активни и пасивни електронски системи за безбедност. Квалитетот на материјалите ќе биде на далеку повисоко ниво од претходно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK