Повеќе луксуз во BMW Concept M8 Gran Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Гигантот од Германија, BMW на саемот во Женева го претстави својот концепт M8 Gran Coupe. Се вели дека претставува потполно ново значење на буквата „М“, а пред сè повеќе луксуз.

Како што новите CLS и A класа му помогнаа на Mercedes да воведе нов правец во дизајнот, иста улога за BMW има Серија 8.

Concept M8 Gran Coupe речиси е залепен до патот и има црта на предната маска која дава намуртен поглед, а истата би требала да стане стандард за идните модели.

Долгото растојание меѓу оските, масивната хауба, течната кровна линија, кратката позадина му даваа изглед на купе, додека мускулестите лакови потсетуваат дека перформансите се главен адут. Другите стилски детали ги вклучуваат карбонскиот кров, аеродинамичните ретровизори, златната прозорска графика, М детали, златни кочници и фелни, М двократни издувни цевки кои посебно се истакнати на задниот дел…

“Concept M8 Gran Coupe е дизајниран за да ги помери основите, да поларизира и емотивно да ве допре. Сакаме да допреме до луѓето кои бараат нешто посебно и кои сакаат да се издвојат од масата. Овој BMW М го издвојува луксузот од удобната зона“, вели потпретседателот за дизајн на BMW, Домагој Дукец.

BMW Concept M8 Gran Coupe најавува и нова Серија 8 која ќе биде претставена следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK