Откажан саемот во Женева за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на меѓународниот автомобилски во Женева објавија дека настанот нема да се одржи ни следната година и дека планираат да го продадат на Palexpo SA би требало во иднина да обезбедат нормално функционирање

Откако беше спроведено анкетирање на изложувачите, најголемиот дел се изјаснил дека нема да учествува ниту во 2021 година, и дека најверојатно ќе се вратат во 2022 година.

„Автомобилскиот сектор моментално поминува низ тешка фаза и на изложувачите им треба време за да се повратат од ефектите на пандемијата“, изјавија организаторите на саемот.

Според организаторите на саемот откажувањето на саемдската манифестација годинава ги чини загуба од околу 11 милиони швајцарски франци (околу 10,2 милиони евра). Тие побарале помош од кантонот на Женева и им бил одобрен заем од 15,7 милиони евра. Но, сепак условите под кои бил понуден не биле многу добри. 1

Автосаемот во Женева традиционално привлекува половина милион посетители и е најголемиот јавен настан во Швајцарија, донесувајќи приход од над 200 милиони долари годишно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK