Организаторите на саемот во Женева на штрек – ќе ги испрашуваат посетителите за симптоми на коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот прави големи проблеми во секоја сфера на живеењето и секојдневното функционирање.

Поради блискоста на Женева со северните региони на Италија, Ломбардија и Пиемонт каде секојдневно расте бројот на заразени од коронавирусот, организаторите на саемот во Женева се на штрек.

Иако шпекулациите говореа дека саемот ќе биде одложен, сепак организаторите ги демантираа овие шпекулации наведувајќи при тоа дека ќе го забранат влезот на сите лица со симптоми на коронавирусот. Од организацијата на најпопуларниот саем за автомобили наведуваат дека при влезот специјални екипи ќе прават испитување на посетителите преку поставување на неколку прашања.

Вообичаено, саемот во Женева привлекува нешто над половина милион посетители, но по појавата на првиот случај на заболен од коронавирусот се очекува годинава оваа бројка двојно да биде намалена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK